Skip to main content

Успешен настап на Александар Јовановски на Светското Теквондо ИТФ Првенство

За поздравување е неговиот пласман помеѓу шеснаесетмината најдобри на првенството во спаринг.

 |   | 

На овај престижен турнир учество зедоа над 1600 натпреварувачи во кои беше и едниствениот наш претставник Александар Јовановски црн појас I дан, под водство на неговиот тренер Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан (поранешен светски вицешампион ), и двајцата претставници на Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид.

Александар Јовановски се натпреваруваше во две дисциплини, форми за црн појас I дан, и спаринг(борби) -69 кг јуниори 16-17 години.

Во дисциплината форми Александар беше елиминиран од претставникот на Северна Кореја од каде потекнува овај спорт, кој воедно е и актуелен светски шампион во оваа дисциплина.

Додека во спаринг (борби), Александар во конкуренција на 37 натпреварувачи во својата категорија се избори да влезе во осмина финале со што го порази претсатвникот на САД кој и покрај големата подршка на судиите не успеа да го порази нашиот претставник. Со оваа победа Александар ги порази и судиите, а претсавникот на Америка го падна на колена и со тоа му го прекина сонот на Американците да дојдат до медал во таа категорија.

Борбата во осминафинале беше драматична со претсатвникот од Велс, борба во која нашиот претставник бил значително оштетен од страна на судиите, објаснува неговиот тренер. Лазаревски потенцира дека е презадоволен од Александар Јовановски со што направил историски успех, победувајќи еден од фаворитите, претставник на една спортска сила како што е САД, истотака кажува дека е презадоволен затоа што ова е прв натпревар од ваков карактер за Александар во кој покажал огромна желба за победа и безстрашност, со што ветува дека треба да се вложува во него и дека можеби тој ќе е иден носител на медал од некое вакво првенство.

За поздравување е тоа што на ова свестко првенство нашата земја беше претставена под уставното име Македонија, иако репрезентацијата на Грција броеше околу 60 членови. Учеството на овој врвен спортски настани овој пат го овозможни нивниот генерален спонзор ПН МЕТАЛ, кој е најзаслужен за сите нивни успеси.