Хајндл доаѓа во Скопје
Германската амбасада во Скопје соопшти дека германскиот специјален претставник за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре во Скопје ќе разговара со претставници на четирите партии, потписнички на Пржинскиот догово, Пренесува „Радио слободна Европа“.

Во соопштението се наведува дека Хајндл ќе има средби и со амбасадорот на САД Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ. Претходно, министерот за надворешни работи Никола Попоски, посетата на Хајндл ја оцени како позитивен сигнал од Берлин.
„Се работи за позитивен сигнал со самиот факт што Германија покажува интерес дека сака да биде подиректно вклучена во процесите кои се случуваат во нашиот поширок регион и конкретно во Македонија“, изјави Попоски.