Во сабота ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“
Во сабота во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.
Годинава на натпреварот учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Молдавија, Романија и Македонија. Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и борби.
Ohrid Open“ од страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат критериуми за Европски и Светски првенства па така во Охрид ќе видиме европски и светски шампиони, најавува Претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.
„Ќе имаме чест во Охрид да гледаме неколку европски и светски шампиони, како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград кој е шесткратен Европски првак и актуелен Светски првак, како во теквон-до ИТФ, така и во кикбокс. Генерален спонзор на натпреварот е „ПН Метал“, најзаслужен за издигнувањето на овој спорт во Македонија и за сите нивни успеси. Овој натпревар е под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, вели Лазаревски.
Почетокот е во 09:00 часот со форми, околу 12:00 часот почнуваат борбите, а официјалното отворање на турнирот е во 14:30 часот. Влезот ќе биде слободен.


