Skip to main content

Холандска донација за струшкиот џудо клуб „Дрим“

Џудо клубот Дрим од Струга, балгодарение на сограѓанката Славица Буентдијк која е мажена во Холандија, доби донација од дуксери за секој член на клубот.

 |   | 

Џудо клубот Дрим од Струга, балгодарение на сограѓанката Славица Буентдијк која е мажена во Холандија, доби донација од дуксери за секој член на клубот.

За оваа вредна донација се погфрижи организацијата „Stichting Hulp Macedonie“, каде што членува и Славица.

„Нашата соработка настана по одличната презентација на нашиот клуб во меѓународните натпреварувачки води, однонсо со учество на 37 меѓународни натпревари и освоени 246 медали. Исто така, ЏК Дрим мозе да се пофали како најуспешна екипа во конкуренција на помлади пионери и пионери во нашата земја. Сето тоа г-ѓа Славица и холандската организацијата „Stichting Hulp Macedonie“ будно го следеа преку медиумите, како IPON.mk и останатите портали. Не наградија со убава донација од дуксерки за секој член во клубот“, вели тренерот Ѓорги Стојанов, додавјќи дека оваа донација за нив е голем мотив во иднина да продолжат со работа и да го зголемат темпото.

„Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина“, истакнува Стојанов.