Менаџерот на „Абердин“ на лечење од обложување
Дека обложувалниците не ја тресат само Македонија и другите балкански земји, доказот доаѓа од островото.
Stiv Paterson
Дека обложувалниците не ја тресат само Македонија и другите балкански земји, доказот доаѓа од островото.
Во Шкотска не се игра само добар фудбал, туку и огромни суми на пари се оставаат на благајните на тамошните обложувалници, токму поради резултатите на „Селтик“, “Ренџерси“, “Хартс“, „Хибернијан“ и останатите помалку познати клубови.
Така и некогашниот менаџер на шкотскиот „Абердин“, а своевремено шест години фудбалер на „Манечестер Јунајтед“, Стив Патерсон, се реши да побара совет од докторите поради својата љубов кон коцката.
„Направив хаос од сопствениот живот. Во обложувалниците оставив околу еден милион фунти. Страшен податок“, признава 50-годишниот Патерсон.
Тој ќе се одвикнува од обложувањето во клиниката со интересно име „Спортска шанса“. Сопственикот на клиниката е поранешен англиски репрезентативец и ас на „Арсенал“, Тони Адамс, кој исто така имаше проблематична кариера, полна со контроверзи.