Од пливачкиот клуб „Акваспринг“ од Охрид информираат дека иминатиот викенд во Скопје, на пливачкиот базен „Борис Трајковски“, се одржа Зимското национално првенство на Македонија во пливање, во техничка организација на Пливачки клуб Нептун – Скопје. На првенството учество зедоа 16 пливачи од клубот кои остварија одлични резултати, покажаа борбеност и спортски дух, и достојно го претставија клубот.

-Покрај натпреварувачките успеси, викендот помина во знакот на дружба, позитивна енергија и убави спортски моменти, кои се дополнителна мотивација за понатамошна работа и напредок. Горди сме на нашите пливачи! Продолжуваме уште посилно!, велат од „Акваспринг“.