Skip to main content

20 Години КК Колибри

Повеќе од успешен Меѓународниот турнир во кошарка „20 Години КК Колибри”

Посебен момент беше ревијалниот натпревар кој се одржа помеѓу старите членови на КК Колибри и Дел од тренерите на турнирот заедно со младинците на екипата на Декса – Прилеп.
 |  инфодеск  | 
КК Колибри

Меѓународниот турнир во кошарка „ 20 Години КК Колибри “ во категорија : девојчиња и момчиња, генерации М12, М14 и М16 кој се одржа од 19-ти до 22-ри јуни, беше повеќе од успешен.

На едно место беа собрани 200 деца од Р. Србија, Албанија и Македонија. Најуспешни во своите категории беа екипата на Нова Варош од Србија У 16 – жени, во конкуренција У14 жени – првото место го освои екипата на МЗТ – Скопје, во категорија У 14 мажи , првото место припадна на екипата на Елите – Баскет – Албанија и прво место во  категорија У12 беше екипата на КК Колибри – Охрид. Во категорија младинци У16, пехарот припадна во рацете на екипата на Декса од Прилеп.

Посебен момент беше ревијалниот натпревар кој се одржа помеѓу старите членови на КК Колибри и Дел од тренерите на турнирот заедно со младинците на екипата на Декса – Прилеп.

„Овој турнир ги собра сите симпатии на учесниците и веќе со неговото свечено затворање започнуваме со припреми за следната сезона. Посебна чест и задоволство  ни претставуваше подршката од Општина Охрид, од нашите спонзори и од родителите на нашите „ Колибрина “. Ние како клуб ќе се насочиме овој турнир да постане традиционален и да биде спортска увертира во летната туристичка сезона.“ – велат од КК Колибри – Охрид.

Од клубот изразуваат голема благодарност за тренерите Весна Балазоска Милошевиќ, Викторија Рибароска Лазароска, Исмаил Даут и Драгослав Лихванцев.