Роналдо се врати во тимот на Португалија
Кристијано Роналдо се врати во репрезентацијата на Португалија, за натпреварите на квалификациите за светското порвенство во 2010 со Шведска и Албанија.
Christiano Ronaldo
Кристијано Роналдо се врати во репрезентацијата на Португалија, за натпреварите на квалификациите за светското порвенство во 2010 со Шведска и Албанија.
Симао Саброса и Рикардо Карваљо поради повредите ги нема во екипата, додека селекторот Карлос Кеирош во екипата го повика и фудбалерот кој игра за Челзи, Деко иако фудбалерот сеуште се нема опоравено од повредата. Роналдо кој неодамна се опорави после операцијата на глуждот и се врати во првата постава на Манчестер Јунајтед, беше воодушевен од враќањето во националната селекција.
„Прекрасно е кога ќе се вратите“, изјави Роналдо за веб страната на португалската репрезентација и додаде „Секогаш е голема среќа да ја претставувате вашата земја и јас секогаш морам напорно да работам за да допринесам за успехот на репрезентацијата.“
Португалија прво ќе и гостува на Шведска на 11 Октомври, а четири дена подоцна ќе им бидат домаќини на Албанците.