Skip to main content

10.000 демонстранти на улиците на Каракас

Околу десет илјади противници на претседателот Николас Мадуро се собраа вчера на протестите во Каракас.

 |  Голабовски Крсте  | 
demonstracii
демонстрации

Околу десет илјади противници на претседателот Николас Мадуро се собраа вчера на протестите во Каракас, а лидерот на опозицијата Леополдо Полес порача дека ќе привлече милиони лица да излезат на улиците, со цел да се спротивстават на корупцијата и криминалот и да извршат притисок врз Владата да поднесе оставка. Во меѓувреме приврзаниците на Мадуро организираа контрапротести.

demonstraciiНајмалку три лица загинаа, а 23 се повредени во протестите на антивладините и провладините приврзаници во главниот град на Венецуела, Каракас, јави Танјуг.

Околу десет илјади противници на претседателот Николас Мадуро се собраа вчера на протестите во Каракас, а лидерот на опозицијата Леополдо Полес порача дека ќе привлече милиони лица да излезат на улиците, со цел да се спротивстават на корупцијата и криминалот и да извршат притисок врз Владата да поднесе оставка.

Во меѓувреме приврзаниците на Мадуро организираа контрапротести.

Лопес, кој протестната капмања ја предводи под мотото „Излез“, ги отфрли обвиненијата дека го поттикнува народот на државен удар, наведувајќи дека се надева оти ќе го принуди Мадуро да поднесе оставка.

Во Венецуела изминатите неколку недели се одржаа повеќе помали протести, во кои беа уапсени 20 лица. Мадуро во врска со демонстрациите изјави дека „десничарските фашисти“ се обидуваат да го соборат од власт. Ова се најмасовни демонстрации со кои се соочува Мадуро од изборот за претседател пред речиси една година, по смртта на Уго Чавес.

{loadposition content9}