©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Регата

101 км на СУП по Дунав, од Нови Сад до Белград

Заедно со 30 учесници од Србија, Унгарија и БиХ, по околу 14 часа стоечко веслање на даска, Ивона и Владимир Вељаноски успешно ги совладаа предизвиците на Дунав.
 |  инфодеск  | 
Суп регата

Ивона Вељаноска и Владимир Вељаноски основачи на СУП Клуб Охрид, извеслаа 101 км на СУП даски од Нови Сад до Белград како учесници на СУП Регата во Србија.

На 18 и 19 јуни 2022 г., заедно со 30 учесници од Србија, Унгарија и Босна и Херцеговина, по околу 14 часа стоечко веслање на даска успешно ги совладаа предизвиците на Дунав. Река која се издвојува со својата природна убавина, прекрасна, понекогаш непредвидлива, никогаш потценета и секогаш возбудлива.

Суп регата

СУП регатата беше организирана од СУП ентузијасти – “SUP Daske“, а учествуваа и клубовите SUP Neoplanta, Green Bear, Kanjon Adventure, Daska i Veslo.

Оваа регата исто така овозможи одличен почеток за интернационална соработка и промоција на овој спорт и природните убавини на сите земји што учествуваа.

Суп регата

Набрзо од  СУП Клуб Охрид ќе бидат организирани вакви подвизи и на нашите простори.

Стоечкото веслање на даска е уникатен начин да се биде блиску до природата со дополнителни придобивки како што е вежбање на целото тело, медитација и социјализација. Овој спорт е одличен за уживање и за почетници и оние кои никогаш не пробале, поради тоа што лесно се изучуваат основните техники.

Суп регата

Доколку сеуште не сте го искусиле овој спорт од СУП Клуб Охрид ве покануваат да се приклучите на некоја од нивните авантури ова лето.

Суп регата

Ова лето, уште една новина од младите ентузијасти од овој клуб. Покрај тековните понуди на СУП тури со инструктор и обука за истото, за прв пат во Охрид се организираат часови по јога на СУП даски.

Суп јога

Локацијата за тоа каде ќе биде укотвена платформата е по желба на учесниците, а тие како организатори им предлагаат неколку мирни и спокојни локации каде ќе може да уживаат во звуците на природата и езерото.

Суп јога
Суп јога
Суп јога
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top