11 медали и два пехари за стрелците од охридските клубови ,,Охрид’’ и ,,Лихнидос“ на меѓународниот Турнир во Сандански
12 учесници, дури 11 медали и два пехари за стрелците од охридските клубови ,,Охрид’’ и ,,Лихнидос“ на меѓународниот Турнир по спортско стрелаштво ,,ЗПГ-2026“ година што викендов се одржа во Сандански, р.Бугарија.
Кај јуниорите на пиштол најуспешен беше Иван Милевски со резултат од 359 кругови, на втората позиција се пласира Климент Мостро со резултат од 351 кругови, додека на третата позиција се пласира Никола Тодороски со резултат од 344 кругови. Кај јуниорките на пиштол најуспешна беше Стефани Савеска со резултат од 345 кругови. Кај жени пиштол првопласирана беше Стефанија Вељаноска со резултат од 539 круга, додека Наталија Савеска се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 516 кругови. Вицешампионска позиција и кај мажите на пиштол за Велибор Балоски со резултат од 505 кругови.
Кај девојките на пушка истотака вицешампионска титула за Теодора Спироска со резултат од 397,4 круга, додека третопласирана заврши Тамара Кичеец со резултат од 386,4 круга. Големо изненадување кај јуниорите на пушка приреди Марко Трпески, за кого ова е прв настап на меѓународен Турнир пласирајќи се на третата позиција со резултат од 373,1 круга. Солиден настап и прва позиција за Јован Баулоски во млади јуниори со резултат од 388,1 кругови. Од сите пријавени учесници од двата охридски клуба, единствено младиот Андреј Серафиноски, за кого ова е прв настап на меѓународен Турнир, не успеа да се искачи на пиедесталот, па заврши како 4-то пласиран.
И во конечниот пласман според освоени места СК,,Охрид“ го освои сребрениот пехар, додека ЖСК ,,Лихнидос“ го освои бронзениот пехар
Паралелно со ова натпреварување, во Скопје се одржуваше и меѓународниот Турнир во гаѓање со огнено оружје, каде истотака учество зедоа членови на охридските клубови. Најголемо изненедување со извонредно добар резултат од 87 кругови од 10 истрели приреди Милица Кочовска и пласман на првата позиција во жени пиштол на 25 метри.
Веќе наредниот месец стрелците ќе земат учество на вториот Куп со воздушно оружје, но и на два последователни Турнири со огнено оружје кои ќе се одржат во Скопје и на стрелиштето Бејбунар во Охрид.


