Антонио Јанески на 13 години се запиша во листата на нокаутери
Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец –Охрид викендов 21 мај зеде учество на најсилиниот турнир за оваа пролетна такмичарска сезона .Овај турнир се одржа во Љубљана –Словенија по 14 пат каде силите ги измерија 23 клубови од 10 земји (Словенија, Чешка,Австрија,Србија, БиХ, Словачка ,Унгарија, Романија,Хрватска и Македонија), со што ја збогатија Македонија со 12 медали, 1 златен, 2 сребрени и 9 бронзени.
Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец –Охрид викендов 21 мај зеде учество на најсилиниот турнир за оваа пролетна такмичарска сезона .Овај турнир се одржа во Љубљана –Словенија по 14 пат каде силите ги измерија 23 клубови од 10 земји (Словенија, Чешка,Австрија,Србија, БиХ, Словачка ,Унгарија, Романија,Хрватска и Македонија), со што ја збогатија Македонија со 12 медали, 1 златен, 2 сребрени и 9 бронзени.
На овај турнир сите ги тестираа своите репрезентативци за наредното светско првенство за јуниори кое ќе се одржи од 5-11 септември во Андриа , Италија, исто така и нашиот клуб го тестираше нашиот кандидат за ова светско,Александар Јованоски, кој се закити со третото место во спаринг-борби , во кокуренција од 17 такмичари во негова категорија со што докажа дека сериозно се подготвува за на Светско.
Покрај Александар Јованоски , со медали се закитија:
Јана Спасеска -1 место борби воп категорија -55 кг жени до 13 години
Елена Јанеска -3 место борби во категорија -45 кг жени до 13 години, иако Елена има само 9 години настапуваше во поголема годишна категорија со што покажа дека е одличен борец.
Миле Климоски-2 место форми зелени појаси
Јане Димов -3 место форми жолт и појаси
Давид Велковски 2 медали -3 место форми , 3 место екипно деца до 13 години спаринг
Христијан Митрески 2 медали – 3 место во категорија -45 кг спаринг деца до 13 години, 3 место екипно деца до 13 години спаринг
Божидар Димитриевиќ -3 место екипно деца до 13 години спаринг
Антони Јанески 2 медали -2 место во категорија -45 кг спаринг деца до 13 години , 3 место екипно деца до 13 години спаринг.
На овој турнир истотака настапија екипно пионери до 13 години со што се закитија со третото место спаринг екипно.
Најглемото изненадување на овај натпревар го направи Антонио Јанески кој во полуфинале во спаринг во неговата категорија го нокаутира претставникот на домаќините со атракривен вртен удар со нога со што се запиша во листата на нокаутери уште на 13 години, а со тоа доби и најголеми пофалби од сите присутни тренери и такмичари.
Антонио Јанески не направи да се чуствуваме горди како Македонци ,велат тренерите Марајанчо Лазаревски и Зоран Донев, а со тоа Антонио најавува дека можеби во иднина ќе биде тој што ќе ги брани боите на нашата држава на некое светско или европско првенство и дека можеби ќе не израдува со медал и од некој таков натпревар.
Сите овие успеси не би постоеле доколку зад нас не стоеја верно нашите генерални спонзори ПН МЕТАЛ и НО.МА.метал, вели трнерот Марјанчо Лазаревски при што изразува најголема благодарност до нив.