Skip to main content

30 години од гинисовиот натпревар во Велгошти

Утре во  Велгошти ќе биде одбележана 30 годишнината од легендарниот натпревар помеѓу Илинден 903та и Младост, кој заврши со резултат 134 спрема 1.

logo
лого

Утре во  Велгошти ќе биде одбележана 30 годишнината од легендарниот натпревар помеѓу Илинден 903та и Младост, кој заврши со резултат 134 спрема 1.

ucesniciПред 30 години тогашните медиуми настанот го карактеризираа како „лакрдија“. Натпреварот помеѓу екипите на „Илинден 903та“ од село Велгошти и                    
„Младост“ од Вапила заврши со резултат 134-1.„ До самиот старт на финалниот натпревар од 39тото коло, гол разликата помеѓу Илинден и Белчишта беше само 2 бода. Се бараше гол-диференција, односно оној кој ќе даде повеќе голови ќе биде лидер на првенството. Вината за тогашниот настан се префрлаше на секого, па и на нас судиите, односно како бевме делегирани“ вели Димче Стојкоски- Лепиот, тогашен судија.

„Како основач на клубот, можам да кажам дека во тоа време ни се направи голема неправда“, вели Боро Бунташески, претседател на тогашниот тим „Илинден 903та“.
„Јас како претседател изразив јавно негодување за случувањата“, вели Бунташ.

„За мене натпреварот започна една недела порано“, вели Здравко Николоски, учесник на нетпреварот.

„Сплетките започнаа уште тогаш. Во нашиот тим имаше две струи, едната за Белчишта, а другата за Велгошти. Така нашиот тренер, со цел да не одиме на турнирот ни ги зеде книшките. Целта му беше да не се појавиме на теренот со што Велгошти автоматски ќе добиеше 3 бода, и екипата на Белчишта ќе продолжеше понатаму. Се случија и други сплетки, меѓутоа успеавме да ги надминеме и се појавивме на натпреварот. Се беше во ред додека не започна второто полувреме“, вели Николовски.

Овој натпревар кој според резултатот е влезен во „Гинисовата книга на рекорди“, свечено ќе биде преигран денес, на теренот во село Велгошти. Истиот ќе започне во 20 часот и  30 минути и ќе биде предигра на турнирот кој ќе се одржи потоа.

{loadposition content9}