Skip to main content

6 пехари и 30 медали за ХВА РАНГ ИТФ во Корча

Шест пехари и триесет медали за „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец на таеквондо ИТФ турнир кој се одржа во Корча, соседна Албанија.
 |  инфодеск  | 
Хва ранг итф

Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец Охрид освои шест пехари и 30 медали на таеквондо ИТФ турнирот „Корча Опен 2022“ во Албанија.

На турнирот учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 клубови од Македонија.

„ХВА РАНГ ИТФ“ под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 17 натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплински форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.

На овој натпревар нашите натпреварувачи после Европското првенство каде направија историски успех освојувајќи 3 сребрни медали, историскиот успех на “ГРАН ПРИ ЗВОРНИК 2022” каде освоија 23 медали, од кои 11 златни, 6 сребрени, 6 бронзени, пехар за најдобар женски кадет 11-13 години (Христијана Парулеска), овај викенд повторно направија уште еден историски успех освојувајќи 30 медали, од кои 11 златни, 9 сребрени, 10 бронзени, и 6 пехари, 4 за најдобри поединци, пехар за најдобар тренер и севкупен пласман, пехар за најдобар клуб, освојувајќи 2 место. На сите борилишта доминираа нашите натпреварувачи, оправдувајќи го постигнатиот успех од “ГРАН ПРИ ЗВОРНИК 2022” – истакна Марјанчо Лазаревски.

Хва ранг итф

Лазаревски изрази голема благодарност до генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој и овој пат е најзаслужен за нивниот успех.

За наредниот викенд најавува и учество на Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови сад, Србија.