Skip to main content

Абрамович дели откази во „Челзи“ поради финансиската криза

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб „Челзи“, рускиот милијардер Роман Абрамович е принуден да штеди на својот клуб поради светската финансиска криза, пренесуваат руските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Roman Abramovic
Роман Абрамовиќ
Сопственикот на англискиот фудбалски клуб „Челзи“, рускиот милијардер Роман Абрамович е принуден да штеди на својот клуб поради светската финансиска криза, пренесуваат руските медиуми.

„Имајќи ја предвид финансиската криза, Абрамовиќ не замоли значајно да ги редуцираме трошоците“, изјави шефот на одделението за избор на играчи, Френк Арнесен.

Рускиот богаташ веќе отпушти 25 луѓе, чија што работа била да бираат играчи за Челзи.

Roman AbramovicАбрамовиќ, откако во 2003 година го купи фудбалскиот клуб, успеа да покрие огромни трошоци на клубот, но потроши и значајна сума на пари за нови играчи и за развој на инфраструктурата на клубот.

„Челзи“ засега не му носи профит на сопственикот, но британските медиуми сметаат дека клубот за Абрамович претставува хоби, а не „вложување на капиталот заради профит“.

{loadposition content9}