Adidas си ја брани топката
Компанијата која ја создаде официјалната топка за светското првенство во ЈАР – Адидас одговори на критиките за својот продукт испратени од попознатите голмани.
| Маја Савиќ | Спорт
топка
Компанијата која ја создаде официјалната топка за светското првенство во ЈАР – Адидас одговори на критиките за својот продукт испратени од попознатите голмани.
Големите имиња како голманот на скуадра Азура, Џиџи Буфон, голманот на Интер, Жулио Цезар, Шпанскиот голман Икер Касиљас па дури и напаѓачот на Италијаните, Џанпаоло Пацини ја критикуваа топката.
Големите имиња како голманот на скуадра Азура, Џиџи Буфон, голманот на Интер, Жулио Цезар, Шпанскиот голман Икер Касиљас па дури и напаѓачот на Италијаните, Џанпаоло Пацини ја критикуваа топката.
Гласноговорникот од компанијата која ја создаде Џабулани, Томас ван Шајк изјави дека е изненаден од критиките кои ги упатија топ голманите, бидејќи топката била испробана неколку месеци наназад без никаква рекламација.
Ван Шајк кажа дека играчите кои се подготвуваа за Мундиалот тренирале со овој модел уште од декември минатата година и досега сите коментари поврзани со топката биле во најдобар ред.
Прашан зошто топката се движи различно на различна надморска височина, Ван Шајк кажа дека таа особни ја имаат сите топки и дека тоа зависи од височината.
{loadposition content9}