Skip to main content

Младинци

АК Охрид трчаТ на Куп на Македонија

АК „Охрид трчаТ“ учествуваше и на штафетната трка 4×100 метри и во женска и во машка конкуренција при што се освоија 6-то и 4-то место.
 |  инфодеск  | 
Охрид трчат

Изминатиот викенд Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ” учествуваше на Купот на Македонија за младинки/ци кој се одржа во Скопје на Националната арена „Тоше Проески”.

На натпреварот учествуваа 9 атлетичарки/и кои сеуште се дел од пионерските конкуренции и тие се натпреваруваа во неколку атлетски дисциплини.

На првенството покрај за подобро место учесниците се натпреваруваа и за подобар резултат со кој би се достигнале нормите за освојување на бодови за клубот.

Учесници на првенството со постигнати резултати се:

1. Софија Балоска, 800 метри, 4 место, 3:39.10

2. Михаил Николоски, 200 метри (2 место, 26:41), трискок (10 место, 10.16 метри), скок во далечина (5 место, 5.29 метри), 100 метри (4 место, 12:68).

3. Бојан Секулоски, трискок (9 место, 10.52 метри), скок во далечина (9 место, 4.72 метри)

4. Калина Наумоска, ѓуле, 7 место, 4.57 метри

5. Јана Ѓоршеска, 6 место, 5.09 метри

6. Софија Коруновска, скок во далечина (11 место, 3.75 метри), трискок (7 место, 8.70 метри, норма) и 200 метри (4 место, 31:93)

7. Клементина Модева, скок во далечина (5 место, 4.37 метри), трискок (5 место, 9.43 метри, норма) и скок во височина (2 место, 1.50 метри, норма)

8. Никола Стојковски, 200 метри (4 место, 28:30), скок во далечина (6 место, 5.28 метри) и 100 метри (6 место, 13:12)

9. Александар Камнароски, трискок (6 место, 11.26 метри, норма), скок во далечина (4 место, 5.31 метри) и 100 метри (3 место, 12:33).

АК „Охрид трчаТ“ учествуваше и на штафетната трка 4×100 метри и во женска и во машка конкуренција при што се освоија 6-то и 4-то место.