Skip to main content

Ал Атијах дисквалификуван од релито „Дакар“

Водечкиот во конкуренција на автомобилистите на релито „Дакар“, Насер ал Атијах, е дисквалификуван поради напуштање на рутата во контроверзната шеста етапа во која победи, соопшти организаторот.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Водечкиот во конкуренција на автомобилистите на релито „Дакар“, Насер ал Атијах, е дисквалификуван поради напуштање на рутата во контроверзната шеста етапа во која победи, соопшти организаторот.

„Неговите први места во етапата и во вкупниот поредок се суспендирани од судиите на трката“, се вели во соопштението од организаторот. „Тимот на БМВ реши да го антиципира можното исклучување на Катарецот со тоа што го повлече од релито“.

DakarПо завршувањето на етапата скратена поради дождот од Сан Рафаел до Мендоза во Аргентина, Ал Атијах, кој победи и во првата и во третата етапа, ја призна својата грешка.

„Го утнавме правецот“, изјави тој. „Поради прегревање на моторот, не можевме да возиме низ дините. Температурата се искачи на 120 степени. Моторот запре и решив да изберам друга рута и да ги избегнам дините“.

Јужноафриканецот Жиниел де Вилје го презеде водството од Катарецот, а Шпанецот Карлос Саинз се искачи на второто место во генералниот пласман. Де Вилје е службен победник на шестата етапа со 2:12,33 ч., а втор финишира Американецот Марк Милер, кој заостана 20 секунди. Саинз, кој во почетокот беше севкупен лидер во релито етапата ја заврши трет.

 

{loadposition content9}