Skip to main content

Алберто Коста е новиот шпански селектор

Некогашниот тенисер Алберто Коста наименуван е за нов селектор на Дејвис Купот на репрезентацијата на Шпанија, актуелниот шампион на ова натпреварување.

 |  Крсте Голабовски  | 
Alberto Kosta
Алберто Коста
Некогашниот тенисер Алберто Коста наименуван е за нов селектор на Дејвис Купот на репрезентацијата на Шпанија, актуелниот шампион на ова натпреварување.

Коста има 33 години, а ќе го замени Емануел Санчез Викарио, кој поднесе оставка откако ја донесе Шпанија до третата титула на Дејвиск Купот, после победата над Аргентина со 3-1 во Мар Дел Плата минатиот месец.

Alberto KostaКоста во 2000 година беше член на првата репрезентација на Шпанија која го освои Дејвис купот. Во кариерата освои 12 АТП титули, вклучувајќи го и отвореното првенство на Франција 2002 година. Моментално е тренер на Фелисијано Лопез.

Коста ќе дебитира во натпреварот од првото коло на Светската група, против Србија од 6-8 март.

 

 

{loadposition content9}