Алекс Фергусон внимателен со финансиите
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон сака да ја заврши сезоната со играчите со кои моментално располага.
Алекс Фергусон
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон сака да ја заврши сезоната со играчите со кои моментално располага.
Тој потврди дека нема намера да го проширува играчкиот кадар барем не на почеткот на годината и изјави:
„Мислам дека нема да има трансфери во јануари во нашиот тим. Среќен сум со тоа што го имам“.
Сер Алекс Фергусон смета дека се во можност да ја одбранат титулата со моменталниот кадар.
„Ќе вратиме неколку младински играчи кои се на позајмица. Земав 23 фудбалери во Јапонија и сите тие се многу значајни играчи. Би бил среќен да играм со секој од нив.
Освојувањето на трофејот беше одлично достигнување. Играчите покажаа ентузијазам и поминавме одлично“, додаде Фергусон.
{loadposition content9}