Skip to main content

Ал Каеда се закани со терористички напад на СП

Цел е мечот на двете најомразени земји на најголемата терористичка мрежа САД и Англија, кои меѓусебе играат на 12 јуни во Рустенберг.

 |  Маја Савиќ  | 
Al kaeda
Ал Каеда
WC south Africa 2010Јужна Африка има големи проблеми со безбедноста за да го организира Светското фудбалско првенство кое почнува на 11 јуни и ќе трае до 11 јули. Државата воопшто не е безбедна за туристите, во моментов има расистички тензии помеќу двете раси, а најнова мака е заканата на најголемата терористичка организација Ал Каеда дека ќе изврши бомбашки напад за време на Мундијалот.

Цел на Ал Акеда се двете најомразени замји за нив, САД и Англија, кои се во иста група и веќе на стартот играат меѓусебе во меч од Ц-групата на 12 јуни во Рустенберг.

– Зар не би било чудесно во текот на преносот од мечот САД-Англија да одекне експлозија на трибините. Цел стадион ќе се преврти на глава, а мртвите ќе се бројат на стотици – е заканата која ја пренесе Си Би Ес, а ја објави магазинот „Мустакин Лел Џанах“, што во превод значи чекајќи го рајот.

Теротристичката групација која го тресе светот со своите акции, најави дека ќе користи експлозив кои припадниците на обезбедувањето на СП нема да може да го откријат. Главни непријатели покрај САД и Англија, т.е. Велика Британија, ги посочија и Франција и Германија.
{loadposition content9}