Екипите кои ќе се пласираат во подоцнежната фаза на FA купот ќе имаат право на четврта замена, објави во среда Англискиот фудбалски сојуз FA.
FA одлучи клубовите да имаат право на четврта замена која ќе можат да ја користат во четвртфиналето, полуфиналето и финалето на FA купот. Овој формат прв пат е користен оваа година на Копа Америка.
“Одлучивме да воведеме четврта замена за да го направиме натпреварувањето поинтересно. Освен тоа, од технички аспект ќе биде интересно да се види како тренерите ќе ја користат приликата да воведат уште еден играч и како тоа ќе влијае на конечниот резултат”, изјави извршниот претседател на FA Мартин Глен.
FA купот е најстаро фудбалско натпреварување на светот и како такво доживува своевидна револуција. Последните неколку години Англичаните не придаваат големо значење на ова натпреварување како некогаш, но доколку екипите изборат подоцнежна фаза на турнирот менаџерите почнуваат да играат со своите најсилни играчи.
FA купот се игра од 1981 година, а досега најмногу наслови освоиле Арсенал и Манчестер Јунајтед. Црвените ѓаволи се последната екипа која го освои овој куп.