Skip to main content

„Апетитите“ на Азаренка

Младата белоруска тенисерка Викторија Азаренка после финалето во Мелбурн нема намера да застане со добрите резултати.

 |  Голабовски Крсте  | 
Viktorija Azarenka
Викторија Азаренка

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка (23) го освои првиот Грен слем оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија Опен 2013, нејзин втор трофеј во кариерата од ова натпреварување, а тука нема намера да застане со добрите резултати.
Со победата над На Ли во финалето во Мелбурн, Белорусинката и прва тенисерка на светот (ВТА) ја одбрани титулата на АО од ланската година.

Viktorija Azarenka“Навистина сум среќна, но беа тоа помалку чудни солзи радосници. Тежок е патот до освојување на Грен слем, мора да се даде огромен кредит на секој кој ќе освои еден или два, не е важно. Амбициите секогаш растат после секоја остварена победа. Мелбурн е минато, дефинитивно не сакам да застанам тука, посакувам што повеќе трофеи“, рече Азаренка.

{loadposition content9}