Skip to main content

Атлетичарот Андреас Трајковски ѝ донесе бронза на Македонија од Балканијадата во Краљево

Ова е втор бронзен медал на Трајковски од Балканијадите, првиот го освои на Балканијадата во сала во 2022 година.
 |  инфодеск  | 
Трајковски бронза атлетика

Со скок од 7.75 метри, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, на Балканијадата во Краљево го освои 3-то место во скок во далечина, а и бронзен медал за Македонија.

Медалите на најдобрите скокачи им ги додели Европскиот рекордер во скок во далечина, Роберт Емиан.

Ова е уште еден одличен успех за македонскиот спорт и Андреас. Ова е негов втор бронзен медал од Балканијадите, првиот го освои на Балканијадата во сала во 2022 година.

„Многу сум среќен поради мојот бронзен медал од Балканското првенство во Краљево, но се надевав дека ќе победам, затоа што бев во водство во првите пет серии. Мојата форма е константна и никогаш досега во кариерата не сум бил вака подготвен. Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија и што покажав дека сум меѓу најдобрите скокачи во Европа. Продолжувам и понатаму со засилено темпо и кон нови успеси и победи,” изјави Андреас по освојувањето на бронзениот медал.