Австралискиот Фокс Спорт 2 се извини за направената грешка со националноста на Пандев
Австралискиот национален ТВ медиум за спорт Фокс Спорт 2 денеска јавно се извини за направената грешка во врска со националноста на македонскиот фудбалер Горан Пандев.
Австралискиот национален ТВ медиум за спорт Фокс Спорт 2 денеска јавно се извини за направената грешка во врска со националноста на македонскиот фудбалер Горан Пандев.
Амбасадата на Република Македонија во Австралија соопшти дека денеска на официјалната веб-страница на Фокс Спорт 2 и на вестите што одат на овој медиум е дадено јавното извинување и појаснување дека Пандев е репрезентативец на „Република Македонија“.
Македонскиот репрезентативец Горан Паднев неодамна на каналот на Фокс Спорт 2 беше претставен како бугарски напаѓач во екипата на Интер од Милано. Македонската амбасада во Канбера веднаш реагираше и побара формално извинување од Фокс Спорт 2 за погрешното информирање на австралиската јавност за националноста на Пандев во чија графа за националност стоеше Бугарин, наместо Македонец.
{loadposition content9}