Skip to main content

Автобусот на Фенербахче нападнат со огнено оружје

Ранет возачот кој ги превезувал фудбалерите на Фенербахче

 |  инфодеск  | 

Во нападот со огнено оружје е ранет возачот кој ги превезувал играчите на Фенербахче, јавува BBC.

Ранетиот возач е одведен во болница, а спрема првичните информации не неастрадал ниту еден играч од екипата на Фенербахче која се враќала од гостувањето кај Ризеспор.

Генералниот секретар на Фенербахче, Mahmut Uslu рекол дека овој напад е “голема грешка”.

“Ние дојдовме за спорт, дојдовме да играме фудбал”, рекол Uslu.

Гувернерот на Трабзон го потврдил нападот со огнено оружје на автобусот.

“Спрема најновите податоци се чини дека станува збор за пушка”, рекол Abdulcelil Oz.

“Сеуште е рано да се донесат заклучоци, но се чини дека станува збор за куршуми од пушка”.

На гостувањето ка Ризеспор, Фенербахче го превзеде врвот на табелата во турското првенство со победа од 5-1 и сега има 56 бодови, еден повеќе од второпласираниот Галатасарај, а два повеќе од третопласираниот Бешикташ кој има натпревар помалку. 

{loadposition content9}