“Баерн не е никаков баук за мене. Јас против нив имам добри резултати”, рекол Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, пред првата полуфинална средба против Баерн Минхен во Мадрид.
Како тренер на Милан, Карло Анчелоти со Баерн се сретнал 6 пати и билансот му е одличен. Четири победи и два натпревари нерешени, и ниту еден пораз.
“Баерн можеби за Реал е некаква црна мачка низ историјата но не и за мене. Добро поминував со нив, но не можам да кажам дека имам дополнителна самодоверба поради тоа. Она што ми дава самодоверба се моите играчи кои ги имам на располагање. Верувам дека вечерва ќе видите еден добар Реал Мадрид”,најавил Анчелоти.
Кристијано Роналдо денес норамлно тренирал, како и минатите денови а ќе го тестираме пред самиот натпревар. Ако нашите доктори бидат сигурни дека може да одира без никаков проблем, јасно дека ќе игра. Се чувствува добро, и веруваме дека ќе биде се во ред. Доколку има знаци дека би можела ситуацијата да му се влоши, тогаш сигурно нема да игра. Вкупниот победник секако дека нема да биде одлучен вечерва, туку во наредниот вторник во возвратниот натпревар”, подвлекува италијанскиот тренер.
“Сакам вечерва да ги видам правите 11 играчи. Против Барселона во купот нашата екипа беше компактна а моите играчи работеа еден за друг. Истото го сакам и против Баерн. Не велам дека Баерн е Барселона, но нашата филозофија мора да е еднаква со напорна работа во одбраната со контрола на играта и со наметнување на нашата игра”, додава Анчелоти.
{loadposition content9}