Баерн го исфрли Јувентус од Лигата на шампионите
Во вториот натпревар од 6.коло од А групата Бордо ја потврди првата позиција со триумфот против Макаби на гости со 1:0. „Жирординците“ со 16 бодови ја освоија првата позција, пред Баерн со 10, Јувентус освои 8, а Макаби остана без бод.
Во Б групата преполовениот состав на Манчестер Јунајтед предводен од Мајкл Овен го победи Волфсбург со 3:1 и со тоа на Германците им ги уништи плановите за Лигата на шампионите. Овен постигна хет-трик, додека ЦСКА Москва со голот на Алдонин во судиското надополнување го победи Бешикташ на гости со 2:1.
Манчестер Јунајтед е прв во групата со 13 бодови, ЦСКА Москва има 10, Волфсбург 7, а Бешикташ 4.
Во Ц групата Реал беше убедлив на гостувањето во Марсеј кај Олимпик и победи со 3:1, додека Цирих и Милан одиграа нерешено 1:1.
Реал Мадрид го освои првото место во групата со 13 бодови, пред Милан со 9, Олимпик Марсеј освои 7, а Цирих 4.
Во Д групата се беше познато од порано, а во последното коло беа постигнати резултатите: Челзи – АПОЕЛ 2:2 и Атлетико Мадрид – Порто 0:3.
Челзи е прв со 14 бодови, Порто е втор со 12, Атлетико Мадрид и АПОЕЛ освоија по 3.
Пласман во осминафиналето обезбедија двете прволасирани екипи од групите: Бордо и Баерн (А група), Манчестер Јунајтед и ЦСКА Москва (Б група) Реал Мадрид и Милан (Ц група) Челзи и Порто (Д група).
Во Лигата на Европа ќе продолжат третопласираните: Јувентус (А група), Волфсбург (Б група), Олимпик Марсеј (Ц група) и Атлетико Мадрид (Д група).
{loadposition content9}