Skip to main content

Барса се празни?!

Повикот на играчи на селекторите за квалификациските натпревари во рамките за Светското првенство 2014 во Бразил го испразни Каталонскиот состав.

 |  Голабовски Крсте  | 
barcelona
барселона

Повикот на играчи на селекторите за квалификациските натпревари во рамките за Светското првенство 2014 во Бразил го испразни Каталонскиот состав. Помошникот на Виланова, Жорди Роура во следните неколку дена на располагање ќе има само четворица играчи.

Стручниот штаб на Барселона предводен од помошниот тренер Жорди Роура може слободно да замине на седумдневен одмор, затоа што тренинг кампот на Каталонците ќе биде празен се до 26 март кога завршуваат репрезентативните обрвски на фудбалерите.
Дури 21 фудбалер од таборот на Барса се повикани за престојните квалификациски мечеви кои се играат на 22 и 26 март, а тие ќе бидат распространети на три континенти. Повик од своите земји не добија Пинто, Абидал, како и Пујол и Адријано кои впрочем се повредени.
Најголем број од играчи, вкупно 9 се повикани од Висенте Дел Боске за мечевите на Шпанија против Финска и Франција, а тоа се Валдес, Пике, Алба, Чави, Иниеста, Фабрегас, Бускетс, Виља и Педро.

barcelonaСедум играчи на Барселона се повикани и за селекцијата на Шпанија до 21 година, а на списокот се Монтоја, Бартра, Тијаго, Тељо, Планас, Муниеса и Делофеу. Тие имаат репрезентативни настапи за пријателските дуели против Норвешка и Русија.
Селекторот на Бразил, Мано Менезес го повика Алвес за двата пријателски меча на Бразил против Италија и Русија. Лионел Меси и Маскерано очекувано се повикани за квалификациските дуели на Аргентина против Венецуела и Боливија.

Во Јужна Америка ќе патува и Алексис Санчес кој со Чиле игра исто така два квалификациските дуела против Уругвај и Перу, а единствениот играч од составот на Барса кој ќе патува во Африка е Сонг кој со својот Камерун го чека настап против Того.
Огромниот број на репрезентативци на Барселона е уште еден доказ за квалитетот на играчи кој го поседува оваа екипа.

{loadposition content9}