Четири европски великани оваа сезона можат да дојдат до трите највредни клупски трофеи, таканаречен “treble” – Лигата на шампиони, првенството и националниот куп. Барселона има освоено “treble”, додека на ПСЖ, Јувентус и Баерн тоа би им било по прв пат.
Колку е тоа тешко во една сезона говори податокот дека со ова можат да се пофалат само шест клубови: Селтик (1967), Ајакс (1972), ПСВ (1988), Манчестер Јунајтед (1999), Барселона (2009) и Интер (2010).
На оваа листа очигледно го нема Реал Мадрид, десеткратниот првак на Европа, официјално најдобриот клуб на 20 век и реално најголемиот клуб на сите времиња. Реал остана во трката за титулата на Шпанија и одбрана на титулата во Лигата на шампиони, но елиминиран е од купот на кралот.
Баерн и Јувентус веќе ставија рака на германското односно италијанското првенство, додека ПСЖ и Барселона ќе мора поприлично да се помачат за да дојдат до државни прваци на Франција односно Шпанија. Сите четири клуба се и во завршницата на домашните купови и најценетото клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Ако Барселона успее да дојде до крајот на сите три натпреварувања, ќе стане единствен клуб кој два пати успеал да триумфира во трите најважни трофеи во една сезона.
Да потсетиме дека Барселона под водство на Пеп Гвардиола во сезоната 2008/2009 освои шест трофеи во една сезона и е единствена екипа на која тоа и успеало (Лигата на шампиони, Првенството, Купот на кралот, Шпанскиот супер куп, Уефа супер купот и Светското клупско првенство).
{loadposition content9}