Барселона – Спортинг, ја отвараат новата сезона на Лигата на шампиони
Фудбалерите на шпанската Барселона и португалскиот Спортинг ја отвараат новата сезона на Лигата на Шампиони.

Тие во склоп на Ц групата, ќе ги одмерат силите на Ноу Камп стадионот. Новиот тренер на Барселона, Жозеф Гвардиола ќе се обиде да стане шестиот човек кој ја освоил Лигата на шампиони и како играч и како тренер. Почетокот на сезоната покажа дека таа задача ќе биде многу дешка, имено Барса и после две кола, сеуште е без победа.
После две разочарувачки сезони, раководството на Барселона одлучи дека наместо Френк рајкард, на местото на прв тренер ќе го постави некогашниот играч Гвардиола. Тој е многу амбициозен тренер кој е полн со енергија и можеби тоа е тоа што му е потребно на клубот.
Во подготвителните натпревари за новата сезона, Барселона играше многу добро, но на почетокот на сезоната се падна во вода. Сепак, Гвардиола нема да менува ништо во пристапот кон натпреварите.
Иако пристапот кон натпреварите ќе остане ист, стартните 11 би требало да се разликуваат во однос на натпреварот со Сантандер. Меси, Анри и Ето ќе го сочинуваат напаѓачкото трио. Ново засилување Александар Хлеб, нема да може да игра поради повредата која ја заработи во саботата.
Од другата страна во лисабонскиот тим на Спортинг, екипата е многу посилна отколку во минатат сезона. И овој пат лисабонците ќе одат на победа, иако во Каталуња пристигнуваат без Лиедсон кој се оправува после операцијата на коленото. Во екипата нема да игра ни Вукчевиќ исто така поради повреда.