Skip to main content

Батиста и Браун му помагаат на Марадона

Серхио Батиста и Хосе Луис Браун ќе му бидат помошници на Марадона на клупата на аргентинската репрезентација.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sergio Batista
Серџо Батиста
Серхио Батиста и Хосе Луис Браун се предомислија и се согласија да му бидат помошници на новиот селектор на аргентинската фудбалска репрезентација.

„Среќен сум бидејќи Марадона рече дека сме екипа, дека треба дас е дели мислењето, иако е многу јасно дека секоја конечна одлука тој ќе ја носи.“,изјави Батисти после состанокот со Марадона.

Sergio BatistaБатиста ќе продолжи да ја тренира младинската репрезентација на Аргентина, а Браун ќе остане негов помошник. Батиста го предводеше аргентинскиот тим кој во Пекинг го освои златниот медал. Локалните медиуми и целата јавност се надеваат дека стручниот штаб ќе успее да донесе слава како онаа на генерацијата ’86, и моментално се на третото место во квалификациите за СП 2010 година.

 

{loadposition content9}