Воска Спорт е шампион во Втората македонска фудбалска лига и со тоа обезбеди историски влез во Првата македонска фудбалска лига.
Охрид од следната сезона одново ќе гледа прволигашки фудбал, а во историската сезона на Воска Спорт, најдобриот стрелец доаѓа токму од новиот охридски прволигаш.
Младиот голгетер Бехар Фета, кој е на радарот на многу европски екипи, постигна 29 погодоци во тековната сезона и со тоа 20-годишниот фудбалер е најдобриот стрелец во Втората македонска фудбалска лига.