Skip to main content

Втора македонска фудбалска лига

Бехар Фета од Воска Спорт е најдобар стрелец во Втора лига

Младиот голгетер Бехар Фета, кој е на радарот на многу европски екипи, постигна 29 погодоци во тековната сезонa.
 |  инфодеск  | 
Стрелец Воска спорт

Воска Спорт е шампион во Втората македонска фудбалска лига и со тоа обезбеди историски влез во Првата македонска фудбалска лига.

Охрид од следната сезона одново ќе гледа прволигашки фудбал, а во историската сезона на Воска Спорт, најдобриот стрелец доаѓа токму од новиот охридски прволигаш.

Младиот голгетер Бехар Фета, кој е на радарот на многу европски екипи, постигна 29 погодоци во тековната сезона и со тоа 20-годишниот фудбалер е најдобриот стрелец во Втората македонска фудбалска лига.