Skip to main content

Бекам е подготвен за Рома

Новодојдената ѕвезда во Милан Дејвид Бекам тврди дека е физички подготвен за големиот натпревар против Рома кој ќе се случи следниот викенд.

 |  Крсте Голабовски  | 
Dejvid Bekam
Дејвид Бекам
Новодојдената ѕвезда во Милан Дејвид Бекам тврди дека е физички подготвен за големиот натпревар против Рома кој ќе се случи следниот викенд.

Како и на секаде каде што ќе се појави, Дејвид бекам ви Милан привлече големо медиско внимание со самиото свое доаѓање таму, но англичанецот најавува дека би можел да привлече внимание и со својата игра.

„Ова е прекрасно искуство. Во својот живот никогаш не ни размислував да не играм на еден натпревар. Од секогаш сум бил спремен да играм и се надевам дека ќе бидам подготвен и за Рома“ изјави Дејвид.

MilanБекам имаше проблеми на кондиционите подготовки, кои беа многу потешки од оние во неговиот матичен клуб Л.А. Галакси. Но тврди дека напорните тренинзи не му се пречка.

„Тренирам интензивно и уживам за време на секој тренинг, иако е многу напорно.Се чувствувам како многу среќен човек зошто сум дел од толку голема екипа“.

Инаку можно е бекам да заигра во првата постава против Рома заедно со Пирло и Сидорф.

 

 

{loadposition content9}