Бенитез заминува од Челзи
Тренерот на „сините“ рече дека е многу сум разочаран поради тоа што навивачите наместо да ја насочат енергијата кон поддршка на фудбалерите го губат времето со него.
Тренерот на „сините“ рече дека е многу сум разочаран поради тоа што навивачите наместо да ја насочат енергијата кон поддршка на фудбалерите го губат времето со него.
Рафаел Бенитез тренерот на Челзи најави заминување од клупата на „сините“ од Лондон на крајот од сезоната. Ова се случи по синоќешниот дуел од ФА Купот каде навивачите на Челзи и покрај победата над Мидлзброу истакнуваа пароли и скандираа против шпанскиот стручњак.
– Многу сум разочаран поради тоа што нашите навивачи наместо да ја насочат енергијата кон поддршка на фудбалерите тие го губат времето со мене. Им порачувам да не се грижат, бидејќи јас на крајот на сезоната ќе го напуштам клубот, истакна Бенитез.
Тој потенцира дека колку и да не се видливи резултатите, во Челзи се работи крајно професионално и како што рече, така ќе биде се до неговото заминување.
Бенитез упати апел до навивачите да му помогнат на својот миленик во преостанатиот дел од сезоната да избори пласман во Лигата на шампионите.
Челзи се избори за четвртфинале со Манчестер Јунајтед
Освојувачот на ФА Купот, тимот на Челзи во четвртфиналето на ова натпреварување ќе игра против Манчестер Јунајтед, откако синоќа како гостин го победи Мидлсброу со 2:0.
Ова беше последниот осминафинален натпревар, а головите за сините од Лондон ги постигнаа: Рамиреш во 51.минута и Виктор Мозес во 73.минута.
Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 9 и 10 март.
Двојките се: Евертон – Виган, Манчестер Сити – Барнсли (9 март), Милвол – Блекбурн и Манчестер Јунајтед – Челзи (10 март).
{loadposition content9}