Берлин домаќин на 12.Светско првенство во атлетика
Светското првенство во атлетика на кое се очекува да се појават повеќе од 2.500 атлетичари од 213 држави и ќе се натпреваруваат во 143 дисциплини, стартува денеска во Берлин.
лого

Македонија на овој светски самит на кралицата на спортовите ќе има само еден натпреварувач, атлетичарката Ивана Рожман која ќе учествува во трката на 100 метри.
Светското првенство во атлетика ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Берлин, а според организаторите овој спортски настан преку малите екрани ќе го проследат околу шест милијарди луѓе.
Светската атлетска федерација соопшти дека 213 земји ги откупиле телевизиските права за пренесување на овој спортски настан.
Организаторите најавија ригорозни допинг тестови, а земените примероци ќе се тестираат во лабораториите во Дрезден и во Келн.

{loadposition content9}