Бланка без медал во Торино
Најголемото изненадување на 30. Европско првенство во атлетика во сала што минатиов викенд се одржа во Торино е останувањето без медал на светската првенка и олимписка вицешампионка во скок во височина, Хрватката Бланка Влашиќ.
Бланка Влашиќ

Влашиќ заврши на петтото место со мизерен резултат за своето реноме од 192 см, откако три пати ја уриваше летвичката на 196 см. Златото и’ припадна на Аријане Фридрих од Германија со 2,01 м.
„Не можев да ја најдам техниката во моите нозе. Не знам што се случи“, изјави Влашиќ. „Не размислував многу. Ја загубив концентрацијата. Се случува“.
Германецот Себастијан Баер постави нов европски рекорд во скок во далечина од 8,71 м, а само една серија претходно во финалето прескокна 8,29 м.
Внимание привлече и контроверзниот британски спринтер Двејн Чемберс со триумфот на 60 м. Човекот што во својата автобиографска книга објавена минатата седмица призна дека во текот на една година консумирал коктел од над 300 стимулативни средства, победи со време 6,46 сек., послабо за само четири стотинки од европскиот рекорд што го постави во саботното полуфинале. Чемберс одлежа двегодишна суспензија по позитивниот допинг-тест во 2006 година, по што се проба во американскиот фудбал (рагби) пред да му се врати на спринтот и сега се подготвува за дуел со светскиот рекордер Јусеин Болт на СП во Берлин во август годинава.

{loadposition content9}