Skip to main content

Фудбал

Бобан Грнчаров нов тренер на Вардар

Вардар назначи наследник на Никола Глигоров. Клубот соопшти дека Бобан Грнчаров ќе го води тимот до крајот на сезоната.
 |  инфодеск  | 
Бобан Грнчаров

Откако вчера официјално се раздели со Никола Глигоров, Вардар денес соопшти дека Бобан Грнчаров ќе го води тимот до крајот на сезоната.

Грнчаров неодамна повторно се приклучи на тренерскиот тим на „црвено-црните“, а сега добива шанса да биде и прв тренер до крајот на сезоната.

Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров, од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона – соопшти Вардар.

Вардарци имаат големо заостанување зад Воска во битката за втората позиција, но Грнчаров ќе се обиде да ја надомести разликата.