На неодамнешното балканско првенство во Лозница-Србија, боксерите од боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ на пиедесталот на најдобрите како освојувачи на бронзени медаљи.
Димитар Ѓорески (јуниори 60 кг), Наум Стојаноски (младинци 71 кг) и Енис Алиу (сениори 71 кг) беа едни од подобрите во своите категории и се вратија со бронза.
Наредно, боксерите од „Алексо Огненовски” ќе учествуваат на државното првенство кое ќе се одржи на 14. декември во Битола.