Болдер маратон на локалитетот Трескавец
Од петок до недела на локалитетот Трескавец во Прилеп ќе се одржи болдеринг маратон „Крале Марко” на кој ќе учествуваат околу 250 љубители на овој екстремен спорт.
Од петок до недела на локалитетот Трескавец во Прилеп ќе се одржи болдеринг маратон „Крале Марко” на кој ќе учествуваат околу 250 љубители на овој екстремен спорт.
Претстојниот маратон беше една од главните причини за посета на Општина Прилеп од страна на претставниците од Македонско спортската качувачка федерација и компанијата за производство на помагала и опрема за болдеринг PETZL во средата.
Ерван Ле Лан, директор за промоција и организација на настани од PETZL, притоа изјави дека во Прилеп веќе е започнато со снимање филм кој има за цел промоција на локации погодни за изведување на овој екстремен спорт.
На средбата беше разговарано и за организацијата на претстојниот Качувачки маратон во болдеринг, кој ќе започне во Романија, а во Прилеп е предвидено да се одржи од периодот од 25-ти до 29-ти септември на локалитетот Трескавец кој импресионира со погодноста на просторот за искачување по карпи. Овој кампус е предвидено да трае четириесет дена и со него покрај Романија и Македонија, опфатени се и Бугарија, Грција и Турција.
Споменатиот септември Качувачки маратон во болдеринг, ќе се одржи во организација на Општината Прилеп со поддршка на Македонско спортската качувачка федерација и компанијата PETZL.
{loadposition content9}