Skip to main content

Болидот на Ферари може до титулата

Фелипе Маса има се поголема и поголема доверба во својот тим и вели дека во текот на оваа сезона со сигурност ќе се борат за победи и за шампионската титула.

 |  Голабовски Крсте  | 
Felipe MAssa
Фелипе Маса

Фелипе Маса има се поголема и поголема доверба во својот тим и вели дека во текот на оваа сезона со сигурност ќе се борат за победи и за шампионската титула.

По првите две трки од оваа сезона, Маса вели дека Ferrari покажале дека имаат темпо за да се борат за титулата со нивниот најголем ривал Red Bull.

„Знам дека поминаа само две трки, но имам многу позитивно чувство за оваа сезона. Работата што ја завршивме во текот на зимата со F138 не однесе во вистинскиот правец и болидот има многу голем потенцијал. Секако дека секогаш сакам да се борам за победи, но тоа не ми успеа во првите две трки од сезоната. Покажавме многу добри знаци и мораме да продолжиме со прогресот.” – изјави Маса.

„Се што можам да кажам е дека дефинитивно има повеќе од два тима кои што се способни да се борат за победи и за шампионската титула. Нашиот тим е еден од нив, со болид чии што развој се движи во вистински правец благодарение на добрата корелација на работата во воздушниот тунел и патеката. И во Австралија и во Малезија имавме болид со кој што можевме да победиме, но последната трка беше како лотарија поради променливите временски услови.”

Felipe MAssa„Добро сме подготвени за следната трка во Кина и ќе ги имаме сите надградби што беа планирани по напорната работа во фабриката и на симулаторот. Нашата цел е да се бориме за големи поени, за подиуми и за победи бидејќи секогаш мораме да имаме високи цели.” – заклучи Бразилецот.

{loadposition content9}