Болт ќе трча против науката
Светскиот рекордер во трчање на 100 и 200 метри атлетичарот од Јамајка Хусеин Болт излезе со свои коментари во врска со последното американско истражување околу најниските граници на трчањето.
Усеин Болт
Светскиот рекордер во трчање на 100 и 200 метри атлетичарот од Јамајка Хусеин Болт излезе со свои коментари во врска со последното американско истражување околу најниските граници на трчањето.
Професорот од Универзитетот Стендфорд, Марк Дени, во неговото истражување дошол до заклучок дека границата на трчање на 100 метри на човекот е 9,48 секунди, а на 200, 18,63 секунди. Болт смета дека лично може 100 метри да ги истрча за 9 и пол секунди, но и оти е можно да се помине и границата до 9,4.
Болт на Олимпијадата во Пекинг патеката од 100 метри ја помина за 9,69 секунди. Таму лесно победи и на 200 метри и на четири пати по 100 метри каде освои и светски рекорди.
{loadposition content9}