Skip to main content

Борис Ројевиќ ќе продолжи да го предводи ГРК Охрид

Во објавата на клубот секако се вели дека соработката е на обострано задоволство и дека ќе се продолжи во насока која што е веќе трасирана од претходно.
 |  инфодеск  | 

Српскиот тренер Борис Ројевиќ и ГРК Охрид ја продолжија соработката до 2029 година.

Од тимот на ГРК Охрид објавија дека е постигнат договор за нова соработка со Борис Ројевиќ, според кој тренерот е обврзан да биде со охриѓани до 2029 година.

Во објавата на клубот секако се вели дека соработката е на обострано задоволство и дека ќе се продолжи во насока која што е веќе трасирана од претходно.

Заедно испишавме историја. Заедно го освоивме првиот европски трофеј. Заедно покажавме дека Охрид може да сонува и да победува големо. Но, ова не е крајот на приказната. Амбициите остануваат највисоки – нови трофеи, напад на шампионската титула и ГРК Охрид на местото кое го посакуваме – на врвот! Охрид, езерото, атмосферата во клубот, полните трибини и нашите навивачи го „врзаа“ Роја за градот. А тој со својата енергија, страст и победнички менталитет стана дел од охридската ракометна приказна, се вели во објавата од клубот.