Skip to main content

Бразил со најмногу шанси за светски првак во фудбал

Бразил ќе биде новиот светски првак во фудбал во 2010. година, смета претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

 |  Голабовски Крсте  | 
Misel Platini
Мишел Платини
Бразил ќе биде новиот светски првак во фудбал во 2010. година, смета претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

znameСпоред него, моменталниот светски шампион, репрезентацијата на Италија, има многу мали шанси за да го повтори успехот од 2006. година, и „Азурите“ се наоѓаат на четврто место на неговата листа зад европскиот шампион, репрезентацијата на Шпанија и репрезентацијата на Англија.

„Бразил има одличен тим, со големи  играчи, но Шпанија може да му создаде многу проблеми, особено ако двете репрезентации се сретнат во финалето“ изјави Платини за „Ла Република“

Платини верува дека долгото чекање на Англија за светска слава би можело да резултира со постигнување голем успех во Јужна Африка.

„Но, мора да се внимава на традиционално добрите репрезентации како Италија и Холандија, но и на репрезентациите од Африка“, додаде легендата на Јувентус и на француската репрезентација, Мишел Платини.


{loadposition content9}