Skip to main content

РК Струга – РК Јуниор КВ

Бугариновиќ и Цветановски обезбедија победа за РК Струга за крај на успешната сезона

Стружани зад себе имаат успешна сезона освојувајќи го 2. место во плеј-аутот и со тоа и следната сезона Струга ќе биде во ракометната „елита” на Македонија.
 |  инфодеск  | 
РК Струга

Ракометарите на Струга со победа над Јуниор КВ со 27:25 ја заврши успешно сезоната во плеј-аутот од Супер лигата на Македонија.

Стружани зад себе имаат успешна сезона освојувајќи го 2. место во плеј-аутот и со тоа и следната сезона Струга ќе биде во ракометната „елита” на Македонија.

Струга со триумфот го испрати Јуниор КВ во Првата ракометна лига, во натпревар каде двете екипи беа изедначени особено во првиот дел кога на полувреме резултатот беше 14:14. Во второто полувреме гостите од Скопје заиграа малку подобро, и имаа водство, но сепак, финишот од мечот беше пресуден, кога Струга реализираше во моменти кога беше најпотребно за конечни 27:25.

Кај Струга со по седум голови најдобри беа Петар Бугариновиќ и Никола Цветановски, а пак кај Јуниор Кисела Вода најдобар беше Филип Фидановски, кој постигна дури девет погодоци, кои на крај се покажаа како недоволни за неговата екипа да обезбеди опстанок.