Skip to main content

Челзи и Барселона во полуфиналето на Лигата на шампиони

Предноста од првите натпревари од четвртфиналето беше решавачка за пласманот на Челзи и на Барселона во годинашново полуфинале од Лигата на шампионите.

 |  Крсте Голабовски  | 
fudbaleri
фудбалери
Предноста од првите натпревари од четвртфиналето беше решавачка за пласманот на Челзи и на Барселона во годинашново полуфинале од Лигата на шампионите.

На Стенфорд Бриџ Ливерпул беше на еден гол од полуфиналето по водствата што ги имаше од 2:0 и 4:3 против Челзи, но „сините“ од Лондон стигнаа до 4:4, па победата од 3:1 во првиот дуел ги однесе во завршната четворка.

ChelseaНа Алианц арената Баерн и Барселона одиграа 1:1 и каталонците со 4:0 од првиот натпревар се изборија за ново полуфинале.

Челзи и Барселона ја формираа првата полуфинална двојка и натпреварите ќе ги одиграат на 28 април во Барселона и на 6 мај во Лондон. Вечерва се играат вторите два четвртфинални дуели: Порто – Манчестер Јунајтед (2:2 прв натпревар) и Арсенал – Виљареал (1:1), а победниците ќе ја формираат втортата полуфинална двојка.

{loadposition content9}