Skip to main content

Четвртфинале во ЛШ со две супер-пресметки

Фудбалерите на Лестер ќе се обидат да направат чекор напред во историската сезона

 |  инфодеск  | 

Четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе донесе две супер-пресметки меѓу европските гиганти, Реал Мадрид ќе ја брани титулата против Баерн Минхен, додека Јувентус ќе излезе на мегдан со Барселона.

Карло Анчелоти ќе има можност да му се реваншира на својот поранешен клуб кога баварскиот гигант ќе излезе на мегдан со „кралевите“ од Мадрид.

Барса ќе биде преполна со самодоверба по елиминцијата на ПСЖ, но на каталонците им е јасно дека нема да имаат нималку лесна задача против Јувентус, во репризата на финалето од пред две сезони.

Фудбалерите на Лестер ќе се обидат да направат чекор напред во историската сезона во четвртфиналето против Атлетико Мадрид, а многу интересно се очекува да биде на пресметките меѓу Борусија Дортмунд и Монако, два тима што негуваат максимално ефикасен фудбал.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Атлетико Мадрид – Лестер

Борусија Дортмунд – Монако

Баерн Минхен – Реал М.

Јувентус – Барселона