Skip to main content

Црн ден за фудбалот

Претседателот на Египетската фудбалска федерација Самер Захер го суспендираше државниот шампионат по крвавите немири по завршувањето на мечот меѓу Ал Ахли и Ал Масри, во кои животот го загубија над 74 навивачи, a околу 1000 се повредени.

 |   | 
egypt riots
Египет немири

Претседателот на Египетската фудбалска федерација Самер Захер го суспендираше државниот шампионат по крвавите немири по завршувањето на мечот меѓу Ал Ахли и Ал Масри, во кои животот го загубија над 74 навивачи, околу 1000 се повредени, од кои 150 потешко. Тој најави и итно формирање на комисија која ќе поведе истрага за крвавиот инцидент.
egypt riotsВладејачкиот Врховен воен совет прогласи во Египет тридневна жалост, а поради немилите настани итни седници ќе одржат Владата и Парламентот на северноафриканската земја. Денеска се планирани и протести поради неспособноста на полицијата да го спречи насилството.
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер изјави дека вчерашниот ден е „црн ден за фудбалот“ и оти ваков инцидентот не смеел да се случи.

{loadposition content9}