Skip to main content

Седми атлетски викенд Охрид трчаТ

Дарио Ивановски победник на полумаратонот на Охрид трчаТ 2023

Во женска конкуренција на 21 километар триумфираше Билшерин Сулејман од Бугарија. На седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ учествуваа близу 2000 тркачи од 28 земји.
 |  инфодеск  | 
Победник на Охрид ТрчаТ 2023

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 11 минути и 18 секунди. Втор на целта пристигна Тирон Мамуша од Албанија со време 1:15:54ч, а трет беше Муџаид Мислими од Македонија – 1:16:39 ч.

Во женска конкуренција на 21 километар триумфираше Билшерин Сулејман од Бугарија со време 1.25.01 часа, пред Билјана Кираџиева од Србија (1:32:22 ч.) и Марина Домазетоска од Македонија (1:36:11 ч.).

Наградниот фонд за победниците на 21К е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви.

Во трката на 5 километри, во машка конкуренција победи Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути, втор беше Жорит ван дер Рат од Холандија (19:18 м), а трет Атила Расим од Бугарија (19:25 м.).

Во женска конкуренција на пет километри победи Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути, втора пристигна Николина Милевска Велјановска од Македонија (24:02 м.), а трета беше Бојана Наумовска од Македонија (24:30 м.).

Во штафетната трка на 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта (1:24:19ч.), пред Битолски бавни тркачи (1:28:16ч.) и „Poetry Run“ (1:41:58ч.). Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ (1:53:55ч.) пред „Ohrid running team girls“ (2:04:18ч.)и „BFIT1“ (2:08:38).

На седмото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ учествуваа близу 2000 тркачи од 28 земји.